еМагазин
Image default
Македонија

По повикот на Мицкоски, СДСМ не гледа потреба од лидерска средба

Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави денеска портпаролката на СДСМ во одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска.

„Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик.

Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа”, изјави Кузеска.

Таа додаде дека Мицкоски „не е за договор на било која тема, тој бара начин само како наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски повика на лидерска средба за разговорите со Бугарија: Сериозните прашања се решаваат на маса

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хеликоптери вклучени во гаснењето на пожарот кај Сарај, активен пожарот и во Прилеп

Редакција

Ревакцинирани вкупно 139.053 граѓани

Редакција

МНР со уште една вербална нота за бугарскиот пратеник Костадинов, кој изјави дека „Македонија е бугарска“

Редакција