еМагазин
Image default
Локално

На првата средба со новиот градоначалник, САСА ја потврди определбата за натамошна поддршка на заедницата

Рудникот САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, ќе продолжи со реализацијата на проекти во сите области кои имаат влијание врз квалитетот на животот на жителите на општина Македонска Каменица и за просперитетот на локалната заедница, информираат од компанијата.

Поддршката што ја обезбедува САСА за заедницата беше една од темите на првиот состанок на претставници на менаџерскиот тим на САСА со новиот градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

На средбата беше констатирано дека добрата соработка меѓу Рудник САСА и локалната самоуправа, што е во интерес на целата заедница и придонесува за создавање на поволна клима која е неопходна за обезбедување одржлив развој на рудникот, ќе продолжи и во иднина.

„Како генератор на локалниот економски развој, рудникот САСА има големо влијание врз социјалната стабилност и просперитетот на жителите од нашата општина и пошироко во целокупниот источен регион.

Оттаму, од голема важност е тој да продолжи да расте и развива, со што ќе биде во можност и понатаму да го дава својот придонес за развојот на целокупната заедница.

Во исполнување на своите развојни планови САСА и понатаму може да смета на соработката и партнерство со општината и останатите локални институции“, рече Атанасовски.

На овој состанок градоначалникот Атанасовски, од страна на претставниците на менаџерскиот тим, беше запознаен со досегашните вложувања во САСА во сите сегменти од работењето, особено во делот на производството, безбедноста и условите за работа и благосостојбата на вработените, реализирани од страна на инвеститорите – компанијата Централ Азија Металс од Лондон.

„Во изминатите четири години откако Централ Азија Металс стана сопственик на САСА, инвестирани се над 30 милиони долари во современа рударска опрема, дигитализација, унапредување на безбедноста, подигнување на стандардите и работните услови во рудникот, како и во професионалниот развој и благосостојбата на вработените.

Во тек е реализацијата на капитална програма во вредност од околу 20 милиони долари, што ќе ни овозможи приспособување кон поефикасен метод на рударство во иднина. Во моментов соработуваме со надлежните институции со цел да ја договориме имплементацијата на развојните проекти кои треба да обезбедат долг и просперитетен животен век на рудникот.

Паралелно со ова, со основање на нашата добротворна Фондација, продолжуваме со нашата поддршка за развој на локалната заедница во области како што се: едукацијата на младите, грижата за животната средина и помош на најранливите членови на заедницата“, истакна на средбата со градоначалникот, генералниот директор на САСА, Скот Јеланд.

Во оваа прилика, честитајќи му го стапувањето на функцијата, претставниците на менаџерскиот тим на САСА, на градоначалникот на Македонска Каменица му предадоа фотографија од почетокот на изградбата на новиот нископ што е дел од новиот инвестициски циклус на САСА и кој, откако ќе биде завршен, ќе овозможи полесен и поефикасен пристап до нови рудни наоѓалишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

29-годишно момче од струмичко Дабиле исчезна во водите на браната кај Дрвош

Редакција

Тројца се тепале во автобус на ЈСП

Редакција

Дождот во Охрид ги извади фекалиите по улиците

Редакција