еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најави Бектеши

Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија, Крешник Бектеши.

Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата.

-Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на цените, за основните продизводи.

Предлогот е веќе подготвен и во сабота или во вторник ќе биде испратен на разгледување во Владата и најверојатно и Северна Македонија ќе донесе одлука за замрзнување на продажните цени на основните прехранбени производи, лебот, млекото, брашното, шеќерот, зејтинот, а можеби и месото, рече Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Тој претходно најави дека ако предвидат дека ќе има ценовни шокови ќе интервенираат во рамки на надлежностите и согласно со Законот за трговија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Труења во Хрватска предизвикани од газирани пијалоци

Редакција

Назначен нов судија – поротник, продолжуваат судењата за „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“

Редакција

(Фото) Пристигнаа нови лесни оклопни возила JLTV од американско производство

Редакција