еМагазин
Македонија

Националното собрание ќе решава дали може да се укине ветото за Македонија, изјави копретседателот на владејачката Демократска Бугарија

Копретседателот на партијата Демократска Бугарија, која е дел од бугарската владејачка коалиција, Атанас Атанасов, изјави дека за тоа дали ќе биде тргнато ветото на Бугарија за С.Македонија ќе одлучува Народното собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Атанасов за БТВ рече дека како поддржувач на евроатлантските убедувања, смета дека Бугарија треба да биде опкружена со сојузници. Бугарија е заинтересирана за прием на С.Македонија во ЕУ, но според него во моментов нема услови за такво нешто.

Атанасов смета дека и самата С.Македонија не покажала конструктивно однесување, а и во Народното собрание нема мнозинство за да се случи тоа.

МИА/Фото: БТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина

Редакција

Нови 336 случаи на Ковид-19 од 1.964 тестирања, во Скопје 145

Редакција

Македонија на 36. место во извештај за слободата на медиумите на „Репортери без граници“

Редакција