еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради доцнење на државната помош, над 3.500 штипски текстилни работници од денеска на колективен одмор

Над половина од штипските тектилни работници од денеска се на колективен одмор. Станува збор за 3.500 работници вработени во околу 70 конфекции.

Претставникот на Текстилниот кластер од Штип, Кирил Нашков ја потврди информацијата и вели дека компаниите се одлучиле да ги испратат работниците на одмор, поради неизвесноста и недонесувањето на петтиот пакет на мерки, но и локдаунот во Европа, со што нивните партнери засега не склучуваат нови нарачки.

– Каква ќе биде иднината понатаму ќе мора да почекаме. Се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Ако остане ваква црна сликата, моја претпостапка е дека дел од вработените воопшто и нема да бидат повикани да се вратат на работа, вели Нашков.

Посочува дека државната помош од петтиот пакет на мерки не е за спас на фирмите, туку за спас на работните места во реалниот сектор, кој се соочува со низа на проблеми и неизвесност поради пандемијата и мерките во земјите од ЕУ, од каде што им пристиугнуваат и нарачките за работа.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека уште пред десет дена аламрирале дека ова ќе се случи, поради политички калкулации, а најголемиот удар ќе биде врз работниците од текстилниот сектор.

Апелира пратениците веднаш да го донесат петтиот пакет на мерки, оти сиромаштијата им чука на врата на работниците. Голем број од штипските конфекции ја немаат исплатено февруарската плата, а работниците останаа и без здравствено осигурување во време на пандемија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 15 болни од Ковид-19

Редакција

Пандемија со Ковид-19, бугарско вето за ЕУ, Македонија стана членка на НАТО: Настани кои ја одбележаа 2020

Редакција

Од понеделник наплата на патарините на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип

Редакција