Огромен процент од пациентите со Ковид-19 се со коморбидитети, односно со тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, додадавајќи дека дури над 85 проценти од починатите се пациенти кои имаат коморбидитети.
Министерот посочи и дека сериозен процент на пациентите доаѓаат доцна во болницата со веќе многу тешка манифестација на болеста.
„Се заврши анализата, дел од податоците беа соопштени и од Инфективната клиника, огромен процент од пациентите се со коморбидитети, значи тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време.
Понатаму еден сериозен процент на пациенти кои навистина доцна доаѓаат во болница со веќе многу тешка манифестација на болеста, и тоа е тренд што не прати од почетокот,“ рече Филипче на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека уште од почетокот имало одредена бројка на пациенти кои доцна доаѓаат во болница, но сега генерално бројката е зголемена, а како што дополни, тешко е да се каже која е причината за ова.
Филипче додаде дека има пациенти кои починале од друга сериозна хронична болест, но сепак биле дополнително заболени и од Ковид-19.
– Ние останавме доследни на тоа што го правиме од почетокот, а тоа е објавување на сите пациенти кои и покрај тоа што имале сериозна хронична болест, и покрај тоа што и таа можеби била директна причина за смртта, сепак биле дополнително заболени и од Ковид-19, и е битно за да имаме реална епидемиолошка состојба и слика во земјава.
Ние ги регистрираме и објавуваме сите случаи на заболени од претхондите 24 часа. Можеби еден или двајца случаи можат од еден да преминат во друг ден ако резултатот од тестот не е стигнат или некој сличен технички проблем во однос на документацијата, меѓутоа бројката е таа, посочи Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициски час не е решение, смета Филипче
Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети за заболените со Ковид-19
Фото: МЗ