еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Намален бројот на работници во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021, е помал за 1,5 прценти. Во периодот јануари – јуни годинава, пак, во споредба со првото полугодие лани намалуањето 1,9 отсто

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 2,8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 %, Капитални производи за 2,5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 %.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките бараат продолжување на рокот за исплата на финансиската помош на граѓаните од 6.000 денари

Редакција

Угостителските услуги поскапи од лани

Редакција

Аплицирајте за младински додаток: Активна е мерката за 3.000 денари месечно за млади до 23 години

Редакција