еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Намален бројот на склучени, но и на разведени бракови

Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12.882 бракa, што е за 2.4 отсто помалку од претходната година. соопшти Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1.851 или 14,4 %, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5,9 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93,7 % за жените и 93,2 % за мажите.

Во втор брак со учество од 6,3% и трет брак со учество 0,5 %, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2022 година, најголем број бракови 4.263 или 33,1% кај жените и 4.721 брак или 36,6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.

Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17,9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1.613 разведени брака.

Најмалку бракови, 38 или 2,4 % во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12,1 % во месец март.

Според возраста, најголем број на разводи 298 или 18,5 % кај жените и 281 развод или 17,4% кај мажите се случиле во истата старосната група од 30-34 години.

Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22,3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има или ќе нема избори во април?

Редакција

Нови 386 случаи на Ковид-19, во Скопје 205

Редакција

Град Скопје вработува 26 лица, плата до 37.625 денари

Редакција