еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Десет години „еМагазин“: Модел за пазарно ориентиран медиум, кој пласира проверени и точни информации

Во време на „истенчени“ нерви, психолошки притисок, но и економска криза што ја предизвика војната во Украина, „еМагазин“ денеска го прославува својот десетти роденден.

Изминативе десет години се случија неверојатни промени на политички и економски план во Македонија и светот, а во овој период, покажавме дека во земјава може да опстои независен медиум, без државна или странска помош, кој е 100% пазарно ориентиран и кој секојдневно ги информира граѓаните, исклучиво со вистинити и проверени информации.

Нашата решителност за борба против лажните вести и влијанија од различни центри секојдневно ја препознаваат се поголем број читатели и клиенти, што ни претставува особено задоволство и поттик за работа.

На десеттиот роденден со гордост можеме да кажеме дека „еМагазин“ од основањето до денес значително придонесува кон презентирање на информации базирани на факти водејќи се од начелата за етичко и непристрасно информирање.

На тој начин успеавме нашето бебе да го израснеме до десетгодишно дете, при тоа минувајќи низ пекол и различни премрежија, но и многу убави моменти, како што е на пример чувството кога со корисна и проверена информација му се помага на еден или на илјадници наши сограѓани.

Во иднина, „еМагазин“ има сериозни планови да се зближи со јавноста уште повеќе и да прерасне во медиум кој ќе ја освои довербата на граѓаните нудејќи вистинита и богата содржина.

Единствен начин за тоа е да ја продолжиме борбата против лажни вести и сензационално информирање, но и да се бориме меѓу секојдневните политички перверзии во медиумите на прво место да се вратат вистинските проблеми на граѓаните и на компаниите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекот за цистична фиброза „трикафта“ пристигна на Клиниката за детски болести, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ во постојана борба со корона вирусот: Применети најновите трендови за лекување

Редакција

(Видео) Украинците слават: Руската војска се повлече од Херсон, кој го Русија го анектираше

Редакција