Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 29. ноември до 5. декември, покажуваат дека се тестирани вкупно 16.948 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,8% во однос на минатата недела.
“Регистрирани сe 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 17,3% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 19,0%, просечно 13,1%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.000; 43,9%), со неделна инциденца – 157,7/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум починале: 953 лица по вторпат заболеле од Ковид-19, едно по третпат
4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела од Ковид-19 починале 68 лица
Намалување од 9,1%: Минатата недела 40 лица по втор пат заболеле од Ковид-19
Фото: МЗ