еМагазин
Image default
Македонија

Наместо 14, 21 ден карантин за сите повратници од странство

Македонските граѓани кои од денеска ќе влезат на граничните премини во Македонија, а доаѓаат од земји со висок ризик од кронавирусот, наместо 14 дена ќе треба да проестојуваат во карантин најмалку 21 ден.

Мерката, како што одлучи Владата на денешната 40-та седница ќе важи за сите наши државјани вратени во земјава со хуманитарни летови или со конвои по копнен пат.

-Владата донесе и Уредба за дополнување на Уредбата за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, според која, на државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во нашата држава по 13 април 2020 година, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус КОВИД-19, согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница, се додава во соопштението, беше донесена и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните вратени од странство со хуманитарни летови, според која оваа Одлука важи и за сите државјани на Република Северна Македонија, вратени од странство и со конвои по копнен пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција на плажа во јули, ако нема зголемување на бројот на заразени со Ковид-19

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзи антигенски наместо ПЦР-тестови за Ковид-19 при дијагностички процедури, препорачува Комисијата за заразни болести

Редакција

Анима Мунди: Екстремитети, црева, глави, утроби расфрлани на улица во Визбегово!

Редакција

Џафери го достави извештајот на Советот на ЈО за разрешување на Катица Јанева до Димовски

Редакција