еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нарачале технички апарат, добиле детска играчка – зголемен бројот на измами при онлајн купувњето

Во последните три години интензивирано е купувањето онлајн, но зголемен е и бројот на поплаките, посебно во делот на нелегалната интернет продажба.

-Најголемиот број поплаки се однесуваат токму на нелегалната продажба, од нерегистрирани субјекти на социјалните мрежи. Потрошувачите се измамени, им се доставуваат производи со различен квалитет и боја од она што го нарачале, некогаш им се доставуваат и детски играчки, а нарачале технички апарат. Исто така, не им се доставува гаранција. Тука посебно треба да се внимава, велат од Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Евидентирани се поплаки и поради проблеми со платежните картички.

-Има случаи кога потрошувачите купувале нешто на некоја платформа, ставиле картичка и кај нас се јавуваат по неколку месеци да пријават дека од картичката им биле симнати по 2.000 – 3.000 евра.

Тоа е зашто потрошувачите не внимаваат каде ја оставаат картичката, ставаат податоци и по неколку месеци може да им бидат повлечени пари од сметката. Затоа апелираме постојано и едуцираме – да не се даваат личните податоци, ниту картичките кога се купува онлајн, предупредува ОПМ.

Треба да се внимава и на онлајн продавачите, посебно ако се утврди дека немаат оставено конаткт или адреса.

-Треба да се истражи дали таа „продавница“ навистина постои физички. Ако не, тоа дава некаков сигнал дека е можеби нелегална. Кај нас се уште нема механизам за нелегалните онлајн продажби и потрошувачите нема како да се заштитат. Одат во Државниот инспекторат, но без фискална сметка, фактура, доказ за плаќање, не можат да си ги остварат правата.

Нашата препорака е – да се внимава од кого се купува и без фискална сметка или дург доказ, да не се подига производот што ни е доставен, подвлекуваат од ОПМ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНИ Банка со добивка и зголемени приходи во третиот квартал

Редакција

(Фото) Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија: Грешки и лоши преводи во новиот учебник по Историја и општество

Редакција

МВР: Идентификувани 18 лица од „орото во Гевгелија“, ќе има казнени пријави

Редакција