еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка го додаде српскиот динар на курсната листа

Советот на Народната банка на седницата одржана на 13 октомври 2022 година, донесе Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка, во која најзначајно е вклучувањето на српскиот динар на курсната листа на Народната банка, информираат од таму.

Одлуката ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година.

„Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на нашата држава.

Истовремено, може да се очекуваат и поволни ефекти и во поддршка на услужните дејности, со оглед дека е значен бројот на туристи од оваа наша соседна држава.

Одлуката за вклучување на српската валута во рамки на Курсната листа доаѓа во период на продлабочување на билатералната соработка на централните банки на двете земји и претставува координирана реакција на одлуката на Народната банка на Србија за ставање на македонскиот денар на својата курсна листа,“ велат од Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот денар ставен на девизната листа на валути во Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕГ има законска обврска да обезбеди парно греење, во спротивно може да остане без лиценца, вели Бектеши

Редакција

ЕСМ склучи договор со Новоматрикс вреден 2,2 милиони евра

Редакција

Убава вест: Само три нови случаи на Ковид-19 од 1.325 тестирања, сите од Скопје

Редакција