еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Наскоро отвараме редакција во Македонија, вели за еМагазин, првиот човек на Блумберг Адрија, Само Ошина

Во интервју за еМагазин, лидерот на менаџерскиот тим на Блумберг Адрија, Само Ошина зборува за плановите на првата мултимедиумска бизнис платформа во регионот, принципот на кој ќе функционира, регуртацијата на кадри за канцеларијата во Македонија…

Од неодамна сте назначени да го водите тимот на Блумберг Адрија, проект кој привлече внимание во регионот. Кажете ни повеќе околу идејата за проектот, за каква услуга станува збор и каде го гледате просторот за нов медиум во услови на презаситеност на медиумскиот простор и наплив на „лажни вести“? 

-Блумберг Адрија (Bloomberg Adria) е првата мултимедиумска бизнис платформа во регионот која обезбедува детални регионални финансиски вести, информации и податоци за пазарот, во живо, од центри во Скопје, Белград, Љубљана, Сараево и Загреб.

Нашите аналитичари и новинари даваат стручен увид во информациите зад објавените наслови – во причините, контекстот и последиците. Блумберг Адриа не одговара само на прашањето зошто нешто се случило, туку и какви ќе бидат ефектите од тоа.

Како лиценциран партнер на Блумберг Медија (Bloomberg Media), Блумберг Адрија се придржува до највисоките стандарди на новинарството за да обезбеди правичност и точност. Блумберг Адрија е доверлива дестинација за финансиски вести од целиот регион, истовремено користејќи ги неспоредливите глобални ресурси на Блумберг за поголемата слика.

На кој принцип ќе функционира овој концепт и што можат граѓаните и компаниите да очекуваат од оваа услуга? Кој ќе има корист од вашите услуги во земјата?

-Наша цел е да ги зајакнеме регионалните економии преку информирање, инспирирање и јакнење на финансиските професионалци, носителите на одлуки, идните лидери и пошироката деловна заедница.

Обезбедуваме сеопфатна мулти-платформска услуга преку телевизиски, дигитални и печатени (Bloomberg Businessweek) канали, како и конференции според глобалниот стандард на Блумберг со највисоките норми во новинарството, за да се обезбеди правичност и точност.

Дали почнавте да регрутирате кадар во Македонија, каков профил на луѓе барате и која ќе биде големината на тимот?

-Започнавме со инцијално поставување во Македонија. Во моментов ги уредуваме нашите канцеларии во Скопје, со редакција и студио. Иако во регионот е предизвик да се пронајде економски вешт бизнис новинар, нашата редакција е мешавина од искусни и професионални новинари, како и аналитичари со длабинско познавање на бизнисот и инвестициите.

Тие заедно ја сочинуваат најголемата вредност на Блумберг Адрија, обезбедувајќи длабинско разбирање за тоа што, како и зошто се случува. Покрај колегите од информативната редакција, во потрага сме и по кадар за продажба со искуство во медиумската сфера.

Станува збор за регионален медиум кој ќе работи во повеќе земји од јадранскиот регион. Покрај вас, кој друг е дел од регионалниот менаџерски тим и како ќе функционира размената на информации?

-Работиме како еден тим, распореден во сите главни градови во регионот. Најважниот дел од тимот е Уредувачкиот одбор кој е одговорен за релевантна, објективна и длабинска содржина.

Весна Дамјаниќ, која има долгогодишно искуство во бизнис-новинарството е главен уредник на телевизијата во регионот, додека пак главен уредник на дигиталните сервиси е Даниел Фазлиќ, кој е експерт во дигиталната сфера. Третиот член на уредувачкиот одбор е нашиот главен аналитичар, чие име ќе го откриеме наскоро.

Деловната страна на проектот ќе го води екипа од искусни и вешти менаџери, кои ќе му обезбедуваат поддршка на уредувачкиот тим.

Според информациите од теренот веќе создавате силна мрежа на деловни врски во регионот, што е потенцијал за отворање на нови можности за соработка. За што се работи и кои се вашите планови во оваа насока? 

-Блумберг Адрија обезбедува простор во кој може да се чуе гласот на деловните лидери од регионот – платформа каде што можат да гледаат, слушаат, читаат, а воедно и да се искажат и да се вклучат, да бидат разбрани и да разбираат. Ние сме тука да помогнеме во движењето и снаоѓањето низ новото нормално и да обезбедиме увид во иднината. Ја создаваме деловната мрежа на иднината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На граѓаните од реон од Центар во Скопје нема кој да им ја носи поштата, бидејќи поштарот си дал отказ

Редакција

Маркетот на Лидл во Кавадарци ќе почне да се гради најдоцна до април

Редакција

(Видео) “Твоја Македонија“: ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 24 партии за престојните избори

Редакција