Сакам да кажам објави дека синоќешната тепачка во угостителски објект во Охрид, во која тројца напаѓачи му ја скршиле вилицата на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“, а за која бугарското МНР најави дека ќе поднесе протестна нота до нашата амбасада во Софија, по сè изгледа е “дилерско-криминална пресметка“.
Во архивата на МВР, секретарот на бугарскиот клуб се појавува како лице со кривична пријава, откако охридската полиција на 18 декември нашла кај него кокаин.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин“, стои во соопштението на СВР Охрид тој ден.
Според Сакам да кажам и лицата кои го натепале секретарот на бугарскиот клуб ѝ се познати на полицијата во градот. За нив имало досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, во повеќе наврати.
Сакам да кажам, повикувајќи се на очевидци, објави дека синоќа околу 22.30 часот во угостителскиот објект најпрво се случила вербален конфликт. Веднаш штом влегле тројцата во локалот, секретарот почнал да ги пцуе и навредува, по што лицата го извадиле надвор и го натепале.
Ни збор не се кажал за политика, за бугарски, за македонски идентитет, за јазик или говор на омраза, пишува Сакам да кажам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи го осуди нападот и ќе го посети нападнатиот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“
Во Охрид од три лица претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“
Фото: МИА