Не е сосема сигурно дека новиот коронавирусот ќе исчезне во текот на летото, соопшти денеска Европската агенција за контрола и спречување на болестите – ЕЦДЦ.
Странските агенции пренесуваат дека тоа е сериозно предупредување дека епидемијата може да продолжи дури и кога надворешните температури се зголемуваат, освен ако не се преземат мерки за нејзино спречување.
Сепак, додаваат дека ова предупредување остава малку простор за надеж дека Ковид-19 може да се однесува исто како и другите коронавируси кои се ендемски за човековата популација, а кои обично ги нема за време на летниот период.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто бројот на смртни случаи од коронавирусот е мал во Германија?
Двајца припадници на Армијата, подофицер и војник позитивни на коронавирусот
Од новозаболените со коронавирусот, 5 се здравствени работници од Клиниката за кожни болести
(Видео) Попови од возило ги прскаа улиците на Велес со света вода „против“ корона вирусот