еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата, изјави Путин по средбата со Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин денеска по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи изјави дека нема да има нов договор за жито со кој би се регулирал транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања, пренесуваат странските агенции.

Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито за шест африкански земји.

Тој во јули одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија.

Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Обраќањето на претседателката Сињановска Давкова за трагедијата во Кочани

Редакција

Љубчо Георгиевски нуди „излез“ од ќор-сокакот: Бугарија да направи список за бришење на навредливи содржини од македонските учебници

Редакција

3.200 денари за акција: Познато колку Комерцијална нуди за сите акции на Стопанска банка Битола

Редакција