еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Граѓаните фрлаа јајца кон Владата и Обвинителство и споделија потресни лични приказни

Граѓаните кои протестираа прво пред Владата, а потоа и пред Јавното обвинителство (ЈО) побараа одговорност од последните министри за здравство, во врска со случајот на Клиниката за онкологија.

Учесниците на протестот го изразија нивниот револт со фрлање на јајца кон ЈО и извикуваа „убијци”, „мафија”, „оставка”, „нема правда, нема мир”, како и „правда за жртвите”.

Тие повикаа на поддршка од сите граѓани без разлика на етничка припаднист или партиска определеност. Најавија дека повторно ќе има протести следниот понеделник во исто време и на исто место.

За време на протестот граѓани споделија свои лични приказни пред присутните и ја раскажаа голготата што ја поминувале во болницата.

На протестот имаше и едноминутен молк за починатите пациенти на Онкологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) „Убијци за профит“, „Разбуди се мој народе“- дел од пораките на протестот во врска со случувањата на Онкологија

Сестрата која била фатена со украдена терапија, добила отказ од Онкологија во мај

Повеќе лица се под посебни истражни мерки за случајот со Онкологија, откри Спасовски

МИА/Фото: МИА/Видео: а1он.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посредничка мисија: Утре во Скопје и Софија со предлог доаѓаат португалскиот министер Силва и еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

СЈО ќе се спои со Обвинителство, најави Дескоска

Редакција

Евтин ПР на Бујар Османи со шише со инфузија

Редакција