еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема да има прогласување кризна состојба поради пожарите

На утринската седница на групата за процена составена од директорите на разузнавачките, контраразузнавачките служби, директорот на Бирото за јавна безбедност, како и директорите и замениците директори на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) едногласно се одлучило дека нема потреба од прогласување кризна состојба во државата поради пожарите.

– По опсежна расправа по разгледување на актуелната состојба со пожарите, едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но ќе бидеме во постојано заседание и доколку работата тргне на полошо набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата, онаму каде што е зафатена со пожар, информира на денешната прес-конференција в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Оваа одлука ја донеле поради неколку причини – прво бидејќи претседателот Стево Пендарвски во текот на вчерашниот ден даде наредба за уптреба на Армијата и тоа на копнените сили не само на воздухопловниот ВИНГ, така што благодарение на одредени законски и подзаконски акти и во овој момент можеме да ги користиме сите расположливи ресурси на Армијата.

Воедно, додаде Ангелов, и каналите за добивање меѓународна помош се отворени и добро функционираат и без прогласена кризна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни пожари на повеќе места, интервенираат пожарникарите и припадници на Армијата

Словенија ги става на располагање своите капацитети за гасење на пожарите во Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар на Галичица, опасност да биде зафатена и заштитената зона од шумата

Редакција

За 24 часа 395 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти, а вкупно се лекуваaт 262

Редакција