еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожар на Галичица, опасност да биде зафатена и заштитената зона од шумата

Пожарот којшто беше активен на албанска територија на планината Галичица со помош на ветрот е веќе преминат на македонска територија кај граничен Камен Ф9. Екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција во моментов се на терен, затоа што постои опасност од проширување на пожарот и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на Националниот парк „Галичица“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од РЦУК Охрид.

-Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума и поради тоа што теренот е непристапен за гасење од земја со човечка сила ќе се следи состојбата во текот на денешниот ден од страна на екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција, велат од ЦУК.

Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден низ земјава се појавени неколку мали пожари на сува трева и стрништа, како и диви депонии коишто беа за брзо време изгаснати од страна на надлежните институции.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коронавирусот во Шведска починале 3.000 лица

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник 2“ во кој е обвинет и Мијалков

Редакција

Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„

Редакција