еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Нема да се губи од плата доколку сте на боледување поради Ковид-19

На денешната владина седница беше разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од Ковид-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, информираат од Владата.

Донесен е заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од Ковид-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од Ковид-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради Ковид-19 да изнесува 100% од основицата за надоместок на плата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинува парното во Скопје

Редакција

На дното: Пет најниски плати во Македонија

Редакција

Угостителските услуги во ноермври поскапи за 17,1%, во однос на лани

Редакција