еМагазин
Image default
Бизнис

Екс министерката Нина Ангеловска и Садула Дураку влегуваат во Одборот на директори на Македонски телеком

На предлог владината Комисија за именувања, Владата на денешната седница донесе неколку одлуки

Александар Ранѓеловиќ, го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Железници Транспорт АД-Скопје, а за член на Надзорниот одбор на Железници Транспорт АД-Скопје го избра Ѓоко Илиевски, предложен од синдикалната организација.

Владата ја отповика Верица Узунова од должноста член на Надзорен одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, а за член ја избира Слаѓана Богдановиќ.

Владата заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за  електронски комуникации  – Скопје, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори и тоа Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови на Одборот на директори да ги избере: Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член, Бардул Насуфи – неизвршен член, Зоран Китанов – извршен член, Нина Ангеловска – неизвршен независен член, Садула Дураку – неизвршен независен член, и Аќиф Мехдиу – неизвршен член.

Владата се информираше за оставката на Виктор Петрушевски од должноста член на Управниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на друштвото за член на Управниот одбор да го избере Трајче Ангеловски.

Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на АД Славија, извоз – увоз Скопје за член на Управниот одбор да го избере Блаже Зафировски.

Миле Сугарев да го разреши од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а Стево Крстевски да го именува за в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија да даде согласност на Одлуката на Управниот одбор на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија бр.02-4032/1 од 28.10.2020 година, со која за в.д. директор на Фондот е именувана Билјана Јовановска.

Владата ја прифати оставката на Сеад Садиковски да го разреши од должноста директор на Државен инспекторат за локална самоуправа, на негово барање, а Сенат Ахмеди да го именува за в.д. директор на Државен инспекторат за локална самоуправа.

Владата ја прифати оставката на Лидија Ѓоршевска и ја разреши од должноста директор на Државниот испитен центар, на нејзино барање. Елизабета Наумовска да ја именува за в.д. директор на Државниот испитен центар.

Владата ја прифати оставката на Аднан Џафероски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на негово барање, а Беким Максути да го именува за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Фирус Мемед, е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, поради истек на мандатот за кој е именуван.

Владата денеска ги разреши Амир Шабани од должноста член на Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), на негово барање, Зирап Адеми од должноста заменик на директорот на Државниот завод за статистика, на негово барање, и Ариф Асани од должноста заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност.

Блерим Идризи денеска е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и на оваа позиција е именуван Незарим Аљиљи.

Виктор Талески, е именуван за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

Владата денеска го разреши Бобан Томески од должност член на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, и за претставник од Агенцијата за супервизија на осигурувањето да го именува Злате Симоновски.

Владата денеска на членовите на Училишниот одбор на Посебното основно училиште за ученици со посебни воспитно-образовни потреби „Св. Климент Охридски“- Ново Село, Ристо Златанов и Благица Стоилова да им утврди престанок на мандатот, а за член на одборот ја именуваше Светлана Мазгалоска-Вучетиќ.

На денешната седница Владата утврди престанок на мандатот на членката на УО на ЈП „Јасен“, Калина Кусатска и за нов член ја именуваше Оливера Поповиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче Ангелов именуван за директор на Центарот за управување со кризи

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски пазар тргнат од „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Редакција

Од денеска започна исплатата на октомвриските пензии, еве го распоредот

Редакција

Ќе се отворат само угостителските објекти што имаат тераси и ќе работат до 20 часот

Редакција