еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Нема ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил идниот премиер Зоран Заев

Зоран Заев по втор пат ќе биде премиер.

Неговиот анкетен лист моментално не може да се најде на веб страната на Државната комисија за спречување корупција, бидејќи извесно време не врши државна функција.

Но, еМагазин во својата архива го има неговиот анкетен лист кога прв пат стана премиер.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на владата.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист не поседува недвижен имот, ниту автомобил, ниту мотор, иако често имавме прилика да видиме како вози мотор.

Како личен имот пријавил само побарување по основ на заем.

На име на родителите пак пријавил куќа, стан, акции, земјоделско земјиште и деловен простор во Струмица.

На име на децата и сопругата пријавил девизен депозит.

Заев, за разлика од други функционери не пријавил што поседува неговиот брат, кој често се споменува во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила старо-новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска

Има кредит од 17,2 милиони денари, имот во Хаг и Скопје: Што пријавил Никола Димитров, новиот вицепремиер за европски прашања

Има куќа-подарок, вози Пежо 307: Каков имот пријавил Спасовски, идниот министер за внатрешни работи

Вози Мерцедес Бенз: Каков имот пријавил старо-новиот министер за здравство, Венко Филипче

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува зимското сметање на времето: Вечерва стрелките на часовникот еден час назад

Редакција

Аднан Азизи на местото на Биљал Касами во Собранието

Редакција

Оставка поради Арсовска и од Борис Настов, директор на ЈП Улици и патишта

Редакција