Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го објави анкетниот лист на новиот министер за локална самоуправа, Горан Милевски.
еМагазин го разгледа истиот.
Каков имот пријавил?
Според неговиот анкетен лист, Милевски на свое име нема недвижен имот.
На име на родителите пријавил куќа и два стана во Битола.
Вози Опел Инсигниа, а на име на родителите пријавил и возило Форд Ескорд.
На име на родителите пријавил и акции и дивиденда.
На свое име, на име на сопругата и на родителите пријавил девизни и денарски депозити во неколку банки.
На свое име пријавил и кредит од 549,9 илјади денари, кој ќе го враќа до 2021 година.
Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пријавил и трактор: Каков имот поседува министерот за земјоделие Димковски
Има стан во Австрија и кредит од 12,9 милиони денари: Каков имот пријавил министерот Насер Нуредини
Фото: Фејсбук/Милевски