еМагазин
Image default
Македонија

Немаме намера да дискутираме за црковни прашања и црковниот статус на МПЦ-ОА, вели членот на заедничката комисија со Бугарија, Тодоров

Членот на заедничката Комисија за образовни и историски прашања меѓу Македонија и Бугарија, Петар Тодоров вели дека од македонскиот дел на Комисијата биле изненадени кога слушнале дека во јавноста се пренесува дека на последниот состанок со бугарските колеги дискутирале за црковни прашања.

„На средбите дискутираме за прашања поврзани со историјата на црквите од Средниот век, историјата на христијанството, тоа подразбира историјата и на Охридската архиепископија и дека нас не интересира како таа црковна институција средновековна е претставена во учебниците и таа тема беше предмет на дискусија и на последната 22-ра средба.

Навистина бевме изненадени кога видовме дека во јавноста се пренесува дека дискутираме за црковни прашања, за црковниот статус на МПЦ-ОА, што не е наша намера, ниту сме имале намера да дискутираме за такви теми,“ вели Тодоров за телевизија Сител.

Тој изрази жалење што пласирањето на таквите дезинформации довело голем број луѓе да дискутираат, анализираат, да носат судови, вели, врз основа на нешто што не постои.

„Прашањето што ние го отвараме е како се претставува историјата на Охридската архиепископија во 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14-ти век, а не како се отвара прашањето за статусот на МПЦ Охридската архиепископија денес.

И тука треба да се внимава, да не се доведува јавноста во заблуда, да не се манипипулира со нејзините чувства, тука мислам на македонскиот народ,“ оцени Тодоров.

Членовите на македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија преку соопштение до медиумите реагираа на, како што наведоа, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во историската комисија не се разговара за дефинирање на статусот на МПЦ-ОА, вели Ковачевски

Ние не одредуваме чија е Охридската архиепископија, велат од македонскиот тим од заедничката комисија со Бугарија

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Контролорите на летање нема да штрајкуваат

Редакција

Албанија ќе и ги врати на Македонија незаконски изнесените икони, законското решение доставено до Собрание

Редакција

Судење за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 повторно побара иземање на Русковска

Редакција