еМагазин
Image default
Македонија

Во историската комисија не се разговара за дефинирање на статусот на МПЦ-ОА, вели Ковачевски

Македонско-бугарската историска комисија воопшто не разговара за дефинирање на статусот на МПЦ-ОА, а она што е валидно е само кога комисијата има консензус, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Утрово Историската комисија имаше соопштение во кое што во детали објаснија од кој аспект Историската комисија ги анализира историските периоди и улогата на различни институции во тие историски периоди и исто така потврдија дека воопшто не се разговара за статусот на црквата од кој било аспект.

Така што сметам дека сите оние коишто даваа изјави врз основа на шпекулации во текот на изминатите два дена треба да се воздржат од тоа и да ги почекаат секогаш официјалните изјави на Историската комисија, а мислам дека изјавата на сите членови потпишани на нашата Историска комисија се многу јасни дека воопшто таму не станува збор за какво било дефинирање на статусот на МПЦ-ОА, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

Бугарската страна, додаде тој, си дава изјави за себe, а она што е валидно е само кога Историската комисија со сите 14 члена ќе има консензуален став за кое било прашање и, како што истакна, се друго се изјави коишто немаат никакво влијание врз финален резултат на работата на Историската комисија.

-Таа прво работи независно и тоа беше целта – со историјата да се занимаваат историчарите, а со политиката политичарите. Единствено валидно решение кое што може да го донесе Историската комисија е тоа кое што ќе биде одобрено од сите 14 члена, седум од наша страна, седум од бугарска страна, со нивни потписи и да биде воведено на реципрочна основа во двете држави, рече Ковачевски одговарајќи за реакциите од бугарска страна.

Премиерот рече дека е особено горд што во мандатот на неговата Влада и како премиер, конечно, после децении, и децении, и децении заради политиките на добрососедски односи и европски интеграции конечно МПЦ–ОА беше примена во канонско единство со сите други православни цркви и веќе започна процесот на нејзиното сослужување со нејзините цркви.

-Јас бев тој којшто присуствуваше во Вселенската патријаршија на првото сослужување и таму на мене, а всушност преку мене на сиот наш православен македонски народ ми беше и ни беше укажана чест јас да бидам тој којшто ќе ја прочита најзначајната молитва во православната вера, рече Ковачевски во изјава од Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Ние не одредуваме чија е Охридската архиепископија, велат од македонскиот тим од заедничката комисија со Бугарија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Магдалена Несторовска именувана за државна секретарка во МВР

Редакција

„Бомби“ за „Титаник“: Јанакиески се договара со Јанкулоска како да се спречат да гласат Албанци кои доаѓаат со авиони во Охрид

Редакција

Антикорупциска ќе ги испитува патните трошоци на пратениците

Редакција