еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневен случај: Прилепчанец фрлал кокаин од прозорец бегајќи од полицијата

На 20.02.2019 полициски службеници од СВР Битола, Оделението за недозволена трговија, надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп – одделение за недозволена трговија, во содејство со Единицата за недозволена трговија при оделението за крим полиција при Бирото за јавна безбедност Скопје го лишија од слобода Д.Д. (36) од Прилеп, кај кого е пронајден кокаин, информира МВР.

На бул. „Александар Македонски“ во Прилеп при обид да биде сопрено возило, возачот Д.Д.(36) од Прилеп се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла кокаин. Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со повреди. По преземени мерки, лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

40-годишен маж од Скопје ја убил мајка му и баба му

Редакција

Гостиварка го пријавила сопругот дека ја принудувал на проституција

Редакција

Неколкумина го тепале на „Партизанска“

Редакција