еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневен случај: Со автомобил влетал во Луда Мара, преку прозорци спасил жива глава

Деветнаесетгодишно момче од Кавадарци со возило „рено меган” со кавадаречки регистарски ознаки утрово околу три часот излетал од патот кај Ваташа и паднал со автомобилот во реката Луда Мара.

Возачот успеал да се спаси преку отворање на задните прозорци од возилото.

Несреќата се случила кај местото каде што се гради нов мост, токму поради недоволната безбедност на стариот и зачестеноста од сообраќајки.

Лиза Бендевска од МВР изјави дека сообраќајката се случила на улицата „Страшо Пинџур” во Ваташа.

На местото биле повикани полиција и противпожарната единица, која веднаш пристигнала со две возила и тројца пожарникари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Жители на Галичник побарале помош, на патот имало наноси од снег високи до шест метри

Редакција

Со нож ја нападнал сопругата на плоштад во Куманово

Редакција

На покрив во тетовскиот затвор откриена ќеса со марихуана

Редакција