еМагазин
Image default
Бизнис

Во септември незначително зголемување на индустриското производство

Индустриското производство во септември годинава во однос на септември минатата година е зголемено за 4,5 отсто, а за 0,7 проценти во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст од 23,4 проценти, а пораст има и во Преработувачка индустрија од 3,8  проценти.

Опаѓање од 10,1 процент е регистриран во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

ДЗС посочува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,5  проценти и Капитални производи за 0,7 проценти, а опаѓање кај Енергија за 10,5  проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 проценти.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Редакција

„Сигурносно стакло“ од Прилеп лани со добивка

Редакција

Сместувачките капацитети на охридското крајбрежје речиси полни

Редакција