еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Николовски потврди дека одмарал во Дубаи: Не се вакцинирав и не правев бизниси

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој денеска беше дел од владиниот тим, кој ја посети фабриката „Брако“ во Велес, прашан за коментар за одморот во Дубаи, посочи дека станува збор за одмор од три дена кој му следува законски, и бил договорен многу порано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил вицепремиерот Љупчо Николовски

Николовски за „еМагазин“ за патувањето во Дубаи: „Користев три дена за приватни потреби, сега сум овде“

– Три дена одмор на 16 часа работа за граѓаните и за државата, чесно, искрено имам право да ги посветам на сопругата, можеби контекстот и од оваа временска дистанца е направена грешка од наша страна што е избран Дубаи. Три дена и не како одмор, туку и работни состаноци на сопругата која работи за странска компанија, не за домашна.

А за платата што ја добивам имам право на 16 часа работа, три дена во годината да искористам за одмор, посочи Николовски.

Тој додаде дека можеби се праќа лоша порака и се извинува во тој дел, но, како што рече, борбата против корупцијата и криминалот и одговорноста за сите постапки ќе продолжи уште посилно и уште понеселективно.

-А точно Љупчо Николовкси како било кој друг граѓанин има право на одмор законски, како што му следува, и тоа што законски ми следува нема да дозволам никој да ми го попречи, рече вицепремиерот.

Исто така, вицепремиерот напомена дека ниту се вакцинирал, ниту правел бизниси, ниту ќе прави туку, како што потенцира, ќе се бори против корупција и криминалот и против сите криминалци во државата кои ќе треба да одговараат.

– Ниту сум се вакцинирал, ниту сум бил со службен телефон, ниту сум бил со службен или дипломатски пасош, ниту сум користел службено возило, ниту еден денар од државата Љупчо Николовски нема искористено во време кога е на позиција, потенцира Николовски.

Посочи оти е свесен дека вакви удари ќе има, но тоа, како што рече, нема да го поколеба на патот за средување на општеството, на институциите, на враќаење на довербата на младите во државата.

-Законот ќе важи за сите, и во такви услови денеска сме соочени да за Љупчо Николовски бараат и сакаат да пронајдат било што што е незаконски и лошо направено и во отсуство да не може да помине ниту една од нивните етикети, затоа сме решени оваа висока борба против корупција и криминал да продолжи до крај, додаде Николовски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа три лица болни од Ковид-19, вкупната бројка до сега е 5.481

Редакција

Кој македонски оператор има најмногу претплатници на мобилен интернет?

Редакција

Сите детали: Се укинува обврската отворените инвестициски фондови да се основаат со капитал од 300.000 евра

Редакција