еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Ниту на повидок решение за справување со градежниот шут во тетовскиот регион

Иако градежниот шут и отпад е насекаде низ Тетово, локалната власт се уште размислува каде и како да се постапува и справува со таквиот вид материјал.

По повеќе од три месеци и новиот градоначалник на Тетово нема конкретно решение за градежниот отпад, што не и успеа да го направи и на претходната градоначалничка, која имаше два мандати или осум години да најде начин да се справи со фрлените градежни материјали.

Членот 54 од Законот за управување со отпад вели дека правните и физички лица кои при изведување градежни работи создаваат инертен (градежен) шут се должни самите да го соберат и транспортираат отпадот на локации определени од општините или да ги предадат на овластени правни лица кои транспортираат отпад.

Законот за управување со отпад предвидува можност секоја општина да формира и депонија за инеретен отпад.

Во сититуација кога ниту една општина нема определено таква локација, жителите на Тетово, но и на поширокото подрачје со пет рурални општини, градежните остатаци ги фрлааат насекаде.

Истоварени отпадоци од градежни материјали има дури и на Попова Шапка, долж патот кон рекреативната месност Бањиче и слични места чија првична намена е поврзана со потребите на граѓаните за здрава животна средина, спорт, рекреакција и одморање.

Делот од Тетово каде што се наоѓаат новиот и стариот градски стадион има еден поголем простор каде би можело да има можеби уште едно фудбалско игралиште, но засега местото е претворено во дива депонија од градежен шут и отпад. Со месеци тука се се истовараат разни градежен отпаден материјал, но и отатоци од асфалт и бетонски плочки и слично.

Од Општина Тетово велат дека се уште испитуваат како е создадена депонијата, но тврдат дека постои од времето на нивните претходници.

Уште во февруари оваа година градоначалникот најави дека се бара локација заедно со приватна компанија да почне да се работи на преработка на отпад, но и за градежен шут.

-Менаџирањето на отпадот е комплексно прашање. Јас сум во постојана комуникација со Јавно комунално претријатие да најдеме начин за селекција не само за шутот, туку за сите видови отпад. Има неколку решенија кои се на маса и треба да ги разгледаме и дискутираме.

Тоа може да биде преку самото претпријатие или ќе одиме преку јавно-приватно партнерство.

Имаме и еден друг голем проект, треба деновиве да се видам со инвеститорите кои бараат градежно земјиште на територијата на општината за да се реализира овој проект кој е за целиот полошки регион. Се работи за изградба на фабрика за преработување на отпадот и негово искористување за енергетски цели, рече Касами на прес-конференцијата по повод 100 дена владеење со општината.

Еден месец потоа состојбата е непроменета.

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами остварил средба со заинтересираните инвеститори околу проектот за изградба на фабрика за преработка на отпад. Се работи за голем проект, па договорено е разговорите да продолжат и следниот период.

Во моментов се разгледува тековната состојба и се прават планови. Целта е да се изнајде најдобро решение, за менаџирањето со отпадот во Тетово воопшто, а тука спаѓа и градежниот шут, се вели во информацијата од општинската канцеларија за комуникации и односи со јавноста.

Зибиџете Елези, магистер за животна средина и екологија од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ вели дека за да се реши оваа проблематика треба активно да се вклучат сите релевантни институции од локално и централно ниво се со цел оваа проблематика да се затвори засекогаш.

-Сведоци сме секаде каде што поминуваме, се среќаваме со градежен шут, фрлени низ контејнерите низ градот. Проблемот е уште поголем, во зоните надвор од градот, цели земјоделски парцели се претворени во диви депонии со градежен шут.

Тоа многу лошо влиаје и има влијание кон животната средина и кон целокупниот, еко систем.

Можните решенија покрај постоење адекватно место за депонија за градежен шут е да се инвестира во набавување на наменски машини за дробење на материјалот од градежен шут и претворање во градежен материјал. Со ова се овозможува намалување на градежен шут но исто така и кон намалување на преискористувањето на природните ресурси, објаснува Елези.

Работењето на регионалната депонија согласно високите стандарди за еколошко фунционирање е насоката на сите полошки општини кон долготрајно решение за справување со комуналниот отпад.

Од друга страна тоа нема да значи решавање на проблемот со градежниот отпад затоа што според Законот за управување со отпад градежниот шут не смее да се меша со комуналниот отпад и треба да се направи посебна депонија за остатоците од градежните материјали.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинеската политика за Ковид-19 со нулта стапка е неодржлива, велат од СЗО

Редакција

Повторно дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

Поведена постапка против две лица за сечење на трската на крајбрежје во Струга

Редакција