еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ниту Содома, ниту Гомора по првата „Парада на гордоста“

Првата Парада на гордоста „Скопје прајд“ што викендов се одржа во главниот град мина во најдобар ред и покажа дека во земјава има слободоумни луѓе кои иако не се геј знаат да препознаат што е основно човеково право и јавно да застанат во одбрана на идејата дека љубовта е љубов без разлика дали станува збор за хетеро или истополови љубовници.

Паднаа во вода прикаските за мали деца дека „педерите“ се нелуѓе, дека нешто со нив не е во ред или дека на скопските улици ќе ни се случат Содома и Гомора односно блуд и разврат.

Напротив, „Скопје прајд“ ги извади на улица најубавите лица во градот, но и од државата кои видно расположени, со насмевки и со еден куп забава и позитивна енергија кажаа доста за жигосувањето на геј и „трансџендер“ популацијата.

За жал, тоа не може да се каже за учесниците на таканаречениот контра марш „Сведоштво за семејството“ кои побараа зачувување на традиционалните семејни вредности со почитување на бракот како заедница меѓу маж и жена, спротивставувајќи се на редефинирање на семејството, бракот, полот и родот. Изразите на нивните лица не оддаваа среќа.

Интересно е што тие меѓудругото соопштија дека маршот го одржуваат, бидејќи се загрижени поради обидите за редефинирање на бракот и семејството со агресивна пропаганда и идеологија и дека нивна одговорност пред Бог, совеста и светоста на животот е да се бранат трајните морални вредности на човештвото и општеството: бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, семејството, верата, нацијата и државата.

Без да се навлегува во верските чувства и сфаќањата на овие лица за моралните вредности и бракот… тоа е нивно право…. загрижува што МПЦ, Католичката црква и ИВЗ јавно ја осудија „Парадата на гордоста“ заборавајќи дека сите луѓе се чеда господови, па дури и припадниците на геј популацијата.

Тоа што овие верски организации си земаат право да судат наместо да остават нивниот претпоставен и врховен Бог да суди кога ќе дојде време е многу поголем грев отколку љубовта што беше покажана на „Парадата на гордоста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Еве лабаво со швалерката, од кога изиграв оро за „семејните вредности“: Твитер реакции за Парадата на гордоста и Маршот на гордоста

Еден од организаторите на Парадата на гордоста, Андоновски: Никој не е слободен додека сите не се ослободат

Мила Царовска за Парадата на гордоста: „Полна ми е душава, одамна не сум била на настан со толку позитивна енергија“

Радмила Шекеринска за Парадата на гордоста: „Љубов е љубов“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во скопската Зоолошка почина сибирската тигрица Надја, која беше еден од најстарите тигри во Европа

Редакција

Да не се менува даночната политика, а важните економски закони да се носат во консултација со бизнисот, апелираат од Стопанска комора

Редакција

Казни по 20 евра за функционерите на ДУИ за неносење маски

Редакција