Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година, НЛБ Банка АД Скопје оствари нето добивка во износ од 1.857.410.000 денари (30 милиони евра), што е повисока за 21,5% во однос на истиот период од 2017 година и 47,7% над планот за истиот период, соопшти банката преку Македонската берза.
„Тоа се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти, подобрување на наплатата и намалување на портфолиото на нефункционални побарувања и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите“, информираат од банката.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.