еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка по петти пат ја доби наградата за најдобра Банка на Europe Banking Awards

НЛБ Банка АД Скопје на годинешните Europe Banking Awards за 2020 година ја доби петтата награда по ред за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА, информираат од Банката.

Europe Banking Awards веќе тринаесет години ги препознава и наградува достигнувањата на банките во регионот, а организатор на овие награди е ЕМЕА – реномираниот финансиски магазин чија уредничка визија е да биде „независен глас“ на финансиската заедница.

Критериумите и параметрите врз основа на кои беа доделени овие престижни награди се однесуваат на способноста на банките и финансиските институции да овозможат иновативни производи и услуги, да покажат одлични резултати во инвестициското банкарство, како и способност и капацитет да функционираат како социјално одговорни компании во општеството од кое се дел.

НЛБ Банка успешно се справи со сите предизвици кои беа наметнати минатата година од глобалната пандемија и притоа оствари извонредни финансиски резултати, велат од Банката.

“Во текот на изминатата година НЛБ Банка ја унапреди својата понуда преку воведување на нови иновативни продукти, како што се брзите плаќања и кредитите преку мобилен телефон и значително го зголеми користењето на дигиталните канали.

Исто така ја покажа својата општествена одговорност преку низа донации и спонзорства наменети за подигнување на општото добро, со истовремена безрезервна фокусираност кон своите клиенти со цел поддршка за нивно полесно справување со последиците од кризата.

Како резултат на тоа, следеа одлични финансиски резултати, проследени со високо ниво на корисничко задоволство и перцепција на брендот“, велат од Банката.

НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија, што се должи на континуираните продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во дигиталните канали.

Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можноста за ексклузивен тренинг од проф. д-р. Сем Вакнин во Скопје подостапна како никогаш досега

Редакција

Казино „Фламинго“ и хотел ќе ги отстапи собите како место за изолација и карантин

Редакција

Подготвени да се чувствувате убаво? – Капитол мол го организира Дерма фест 3.0

Редакција