еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка во соработка со Генерали Инвестментс воведува нов производ – продажба на удели од инвестициски фондови

НЛБ Банка Скопје, во соработка со друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје, го проширува своето портфолио на небанкарски финансиски производи и услуги и започнува со продажба на удели од инвестициски фондови со кои управува друштвото, информираат од Банката.

Со воведувањето на новиот производ, НЛБ Банка го надополнува концептот на „one stop shop“, односно финанансиски супермаркет кој нуди сеопфатно финансиско советување и богата понуда на финансиски производи и услуги на своите клиенти.

Соработката помеѓу двете компании беше одбележана со донација за младиот математички гениј Дамјан Давков од Штип, кому неодамна Советот на Општина Штип му го додели највисокото општинско одличје, наградата 8-ми Ноември.

Претседателот на Управниот одбор (УО) на НЛБ Банка Скопје, Антонио Аргир, претседателот на УО на Generali Investments, Лука Подлогар и главниот извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје, Лазе Камчев, на Дамјан симболично му врачија вредносен ваучер од 3.000 евра, средства кои ќе се вложат во удели во Генерали Топ Брендови, со цел остварување дополнителен принос, кој во иднина тој ќе може да го искористи за свое школување и доусовршување.

„НЛБ Банка во континуитет воведува нови и иновативни производи, истовремено овозможувајќи софистициран и напреден консалтинг и оптимално управување со средствата на клиентите преку производи кои соодветствуваат со нивните моментални потреби и обезбедуваат идна финансиска стабилност.

Тргувањето со удели од инвестициски фондови е една од најбрзо растечките финансиски активности во нашата земја, а дополнително, по стабилизирање на состојбата со пандемијата и последователно на домашната и светската економија, се очекува уште поголем и позабрзан раст на оваа индустрија во иднина.

Со овој производ НЛБ Банка Скопје ја заокружува понудата на небанкарски финансиски производи и со тоа се изедначува со понудата на западноевропските банки, нудејќи широки можности за клиентите, сеопфатно финансиско советување и пристап до низа инструменти кои можат да одговорат и на покомплексните потреби на клиентите и остварување на нивните очекувани финансиски цели“, истакна Антонио Аргир, претседател на УО на НЛБ Банка Скопје, кој во оваа прилика упати честитки до Дамјан и неговото семејство и изрази уверување дека уделите од инвестицискиот фонд ќе му донесат на Дамјан принос, кој ќе му овозможи достојна едукација во иднина.

„Ја негуваме соработката со НЛБ Банка Скопје и ја препознаваме Банката како важен деловен партнер.

Силно веруваме во синергија и јас сум уверен дека ова е само почеток за понатамошен заеднички локален и меѓународен раст и проширување на производите што ги нудиме. Ќе се осмелам да кажам дека сме најдобри во она што го работиме,“ изјави претседателот на УО на Generali Investments, Лука Подлогар, кој ја поздрави соработката помеѓу двете компании.

Главниот извршен директор на Генерали инвестментс АД Скопје Лазе Камчев, најнапред се заблагодари на НЛБ Банка Скопје за соработката, визионерскиот поглед на менаџментот за иднината на финансиските производи и сеопфатниот пристап кон потребите на клиентите.

„Заедно со НЛБ Банка Скопје градиме силно партнерство и уверени сме дека оваа соработка ќе обезбеди посебен пристап и понуда од која корист ќе имаат постојните и идните клиенти.

Уверен сум дека нашите производи, отсега достапни во сите експозитури на НЛБ Банка Скопје, се додадена вредност на понудата на Банката, бидејќи инвестициските фондови стануваат сè поважен штеден и инвестициски производ,“ речеКамчев.

Дел од производите кои се предмет на оваа соработка се: продажба на удели во акциски фондови со еднократна уплата, продажба на удели во акциски фондови со програмирана уплата, продажба на удели во парични фондови – наменето за правни лица, како и продажба на удели во инвестициски депозит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски не гледа ништо спорно во листата на поскапени производи

Редакција

Трговците ќе треба да ги означат производите за кои ќе се плаќа со картичките „Купувам домашно“

Редакција

Бензинот „Еуросупер БС-95“ поевтинува, цената на другите горива останува иста

Редакција