Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 15. ноември покажуваат дека 69,2% од починатите од Ковид-19 во Македонија биле со претходни заболувања.
“Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.011) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 263,8/100.000 жители.
Регистрирани се 853 смртни случаи кај лица од машки и 485 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 931 (69,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=709), дијабет (n=340) и белодробна болест (n=154)„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Последниве месеци процентот на починати со претходни заболувања (со коморбидитети) најчесто се движеше околу 80 или над 80%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надвор од болница од Ковид-19 починале 78 лица
Фото: МЗ