Во насока на подобрување на корисничкото искуство при користењето на банкарските производи и услуги, експозитурата на НЛБ Банка во населбата Ново Лисиче, почнувајќи од 14.1.2019 година, се сели на нова локација во поголем и посовремен простор, информираат од Банката.
Новата локација на експозитурата се наоѓа на адреса: бул. Видое Смилевски Бато бр. 6 и е со работно време од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот.
„Eкспозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица, нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон.
По повод преселувањето во новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува своите клиенти односно првите сто клиенти кои ќе аплицираат за НЛБ кредитна или бизнис картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите сто клиенти кои ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација за физички лица, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.
Во моментов деловната мрежа на НЛБ Банка ја сочинуваат 54 експозитури од кои 28 локации се во Скопје и 26 се дисперзирани ширум Р.Македонија“, велат од НЛБ Банка.