еМагазин
Image default
Техно

Новата апликација која нуди пристап до проверени информации за Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејбук профил ја објави новата апликација која нуди пристап до проверени информации за Ковид-19.

„„HealthBuddy+“ е апликација достапна на македонски јазик и нуди пристап до проверени информации за Ковид-19.

Овозможува да се преземе активна улога по пријава на дезинформации кои подоцна ќе се проверуваат со факти потврдени од експерти“, напиша Филипче.

Апликацијата обезбедува информации базирани исклучително на докази и помага за разоткривање на митовите и лажните тврдења за вирусот.

Развиена од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија и регионалната канцеларија на СЗО за Европа. Кај нас, е реализирана со поддршка УСАИД.

HealthBuddy+ е достапна на Apple и Google Play.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апликацијата на „Виз ер“ сега достапна и на Huawei Appgallery

Редакција

(Галерија) Новото Galaxy Z Flip Thom Browne издание за оние кои што не се плашат да експериментираат

Редакција

За првпат во Македонија, Netflix преку А1: 12 месеци подарок со А1 Combo

Редакција