еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 53 случаи на Ковид-19, оздравени 103, едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 546 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 22, Охрид – 5, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола и Велес – по 3, Тетово, Штип и Ресен – по 2, Куманово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Кратово – 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 16 реинфекции.

Регистрирани сe 103 оздравени пациенти од: Скопје – 75, Кавадарци – 5, Битола, Велес и Штип – по 4, Ресен – 3, Прилеп и Кратово – по 2, Куманово, Тетово, Кочани и Радовиш – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, е регистрирано едно починато лице од Скопје (82г), починат во болнички услови. Пријавеното лице е починато на 10.09.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 342.519, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стресот од пандемијата со Ковид-19 го зголеми бројот на деца кои имаат проблеми со пелтечењето

Редакција

Над 100 полицајци, хеликоптер, доброволци во активна потрага по Петар Џобоски

Редакција

Обединети нации: Русија веднаш да го врати Крим

Редакција