еМагазин
Image default
Локално

Нови цени за јавните паркинзи во Битола

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола утврди нови цени за користење на јавните паркинзи во градот.

Со новата одлука потврдена од Советот на Општина Битола, на паркинзите од отворен тип, за патничко моторно возило паркирано во зона „А“ за 2 часа ќе се наплаќаат 30 денари, а секој нареден час по 25 денари, додека за 3 часа ќе се наплаќаат 40 денари.

Во зона „Б“ за 2 часа ќе се наплаќаат по 20 денари, односно за 3 часа, 30 денари, додека за секој нареден час ќе се наплаќаат по дополнителни 20 денари.

Во зона „Ц“ во иднина ќе се наплаќаат по 30 денари паркинг кој може да се користи цел ден.

Нови цени има и за паркинзите од затворен тип, а новина е користењето на првите 15 минути кои се бесплатни, а потоа паркирањето се наплаќа според утврдениот ценовник.

Со новата одлука се врши измена во зона „Ц“ , намаување на цената на повластена карта за период од еден месец, односно повластена карта за вработено лице се намалува од 1.300 на 700 денари, додека повластена карта за правно лице месечниот надоместо од 1.000 денари се намалува на 700 денари.

Пониски цени утврдени се и за користење дневна карта во зоните „А“ и „Б“, па така во иднина наместо досегашните 250 денари, во зона „А“ ќе се наплаќаат 150 денари, а во зона „Б“ наместо 200 ќе се наплаќаат по 150 денари за целодневно паркирње.

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола утврди нови цени за користење на годишна повластена паркинг карта.

МИА/Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остатоци од човечки скелет најдени на брегот на Мавровско езеро 

Редакција

(Видео) Во пожар во Штип изгореа два стана, полесно се повредени и две лица

Редакција

Започнува ски-сезоната на Маврово, Копанки, Стрежево

Редакција