еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Попладне, делумно намалување на маглата поради ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец, што ќе предизвика делумно намалување на маглата.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините вклучувајќи ја и Скопската Котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Утре ќе дува умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието поради што преодно ќе се намалат условите за магла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маглa го отежнува сообраќајот на повеќе патни правци низ државата

Авионите од Скопскиот аеродром полетуваат, за еден час одложено слетувањето на авионот од Истанбул

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во битолско Кравари по крстот скокаа и три девојки, крстот го фати една од нив

Редакција

(Галерија) 97 години СКМ: Наградени Алкалоид, Андреја Јосифовски, Хари Костов…

Редакција

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Редакција