еМагазин
Image default
Македонија

Нови четири фамилјарни кластери на заболени од Ковид-19 во Тетово

Неделава се откриени нови четири кластери во тетовскиот регион од кој потекнуваат дел од најновите заразени со Ковид-19 жители на општина Тетово, информираат денеска од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Од 19-те нови случаи денеска, 11 се од општина Тетово, по три има во општините Желино и Теарце, како и по еден во Брвеница и Јегуновце.

– Имаме четири нови кластери во фамилии затоа што нема придржување до препораките да нема групирање, како и основните мерки за носење маска, миење раце и држење растојание. Во овие две недели беа замени над 200 брисеви во рамки на скринингот преку матичните лекари.

Општина Тетово е најкритичната од шесте општини со најмногу заболени, но бројките се менуваат секојдневно, истакна Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.

Тетовската полиција и понатаму секојдневно изрекува казни за неносење на задолжителните маски за лице.

-Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (18/19.06), за неносење заштитни маски на 83 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

И понатаму има многу лица кои се во изолација. Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 53 лицa, додека вкупно биле контролирани 820 луѓе со вакви решенија.

Изјави за самоизолација потпишале вкупно 45 лицa, а контролирани биле 115 луѓе.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Куманово девет новозаболени од Ковид-19, во Липково двајца

Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127

Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 222

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладите на 32 и 36-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа 19 лица

Редакција

(Фото) Захариева неинформирана: Бугарски културен центар во Македонија има уште од 2005 година

Редакција

Најмладото на 29-години: Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција