еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците предлог за директор на МЕПСО, Бујаре Абази на „Македонска пошта“

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за МИА од Алијанса за Албанците.

Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу.

Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана, Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекторите ќе ги празнат угостителските објекти и ќе ги затвораат

Редакција

Во Македонија се уште нема можност за кремирање на починатите

Редакција

Бугарски европратеник до Пендаровски: По прифаќањето на францускиот предлог за Миладинови ќе мора да се каже дека се Бугари

Редакција