Нови шест случаи позитивни на коронавирусот се регистрирани изминатото деноноќие во Тиквешијата. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
– Станува збор за пет лица од машки, а едно од женски пол. Четворица се од Кавадарци, двајца од Неготино. Сите се на возраст од 16 до 75 години.
Двајца се контакт на заболен во семејството.
Сите се со симптоми, 75-годишниот неготинец е хоспитализиран на Инфективно одделение во Велес.
Останатите петмина се со лесна клиничка слика на домашно лекување, појасни Јовановски.
Се работи на утврдување на нивните контакти со цел да се изолираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 100 оздравени пациенти од Ковид-19
Починаа 4 пациенти од Ковид-19, двајца од Куманово, по еден од Прилеп и Битола
Нов рекорд: 243 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 98
МИА/Фото: Општина Кавадарци