еМагазин
Image default
Македонија

Нови судски рочишта за „Топлик“ и „Титаник 3“ на СЈО

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Топлик“ и „Титаник 3“.

Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Судење денеска треба да се одржи и за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство: Најдовме трајно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризари

Редакција

Груби: Не го плашете народот, во 21. век никој никого не асимилира

Редакција

Свети Николе станува ново жариште на Ковид-19, моментално има 81 активни случаи

Редакција