До петок до пратениците ќе бидат доставени предлозите за новите имиња на министрите за кои ќе се дискутира на пленарна седница во вторник, а истиот ден на владина седница ќе се разговара и за смена на директорските места, најави вицепремиерката и министерка за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
– Ветивме промени и во партијата и на државните позиции. Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси. Најавивме реконструкција и таа ќе се случи. Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во Собранието, истакна Шекеринска.
Кадровските промени во СДСМ, според неа, не треба да се гледаат како замена за кадровските промени на државните позиции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Метла“ за повеќе од 20 директори на јавни институции
Замир Мехмети ќе го советува генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски
СДСМ доби нов Извршен одбор: Кои се новите членови