Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, на кое е предвидено странките да започнат со давање на завршните зборови.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.
Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
МИА