еМагазин
Image default
Забава

Новогодишна викенд програма во Рамстор Мол

Овој викенд Рамстор Мол приредува богата програма со многу забава и дружење, информираат од таму.

Од 24.12 до 26.12 во Трговскиот Центар Рамстор Мол ве очекува богата забавна програма за сите генерации.

Забавата ќе започне во петок, на 24.12, со музичкиот настан на Пламенка Трајковска – Гудачко трио со почеток од 17 часот.

Во текот на овој ден ќе имате можност да бидете дел и од настапот на децата од здружението „Доза Среќа“ и ДУ за деца и младинци „Димитар Влахов“ со оштетен вид како и забавната жонглерска претстава.

Во сабота точно на пладне свој настап ќе имаат Златно Славејче, а по самото завршување забавата продолжува со настапот на танцовата група Eat the beat. Како дел од програмата за овој ден повторно ќе имате можност да бидете дел од жонглерската претстава надополнета со пантомима.

На огромна радост на сите дечиња во Рамстор Мол, оваа сабота ги очекува и забавно дужење со Дедо Мраз.

За последниот ден од овој настан, на 26.12 забавата започнува со настапот на Поточиња со почеток во 12 часот, кој ќе заврши со уште едно забавно дружење со Дедо Мраз.

Во 14 часот ќе имате можност да бидете дел од жонглерската претстава проследена со пантомима, која ќе продолжи со забавен настап со танцовата група Eat the beat. Програмата ќе се заокружи со изненадувањата кои ќе ви ги приреди магионичарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бетовен никогаш „не звучел“ посекси: Лола Астанова го тресе светот

Редакција

(Видео) Водителката се „распамети“: Сергеј ја гризна Лила за задникот

Редакција

(Видео) Очекувана победа на Украина на Евровизија, кои се останатите земји во Топ 5

Редакција