Како и што се очекуваше, Украина победи на 66. издание на Изборот за песна на Евровизија, кој се одржа во Торино, Италија.
Песната „Стефанија“ на бендот Калуш Оркестра, со денови беше прва на обложувалниците, а во синоќешното финале доби најмногу гласови од телевоутинг, но не и од жирито.
„Ве молиме помогнете ѝ на Украина, на Мариупол. Помогнете му на Азовстал веднаш“, порача пејачот Олех Псиук на сцената по настапот на бендот.
Ова е трета победа на Украина на Евровизија.
Второто место го освои Велика Британија, по која следат Шпанија, Шведска и Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како гласаше македонското жири на Евровизија
Лекција од Констракта како да ја преставиш својата земја на Евровизија
Фото/видео: Евросонг
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.