еМагазин
Image default
Македонија

Новото име да го користеле и приватните субјекти и интернет сајтовите, бара грчкиот министер Дендиас

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на прес конференцијата со неговиот македонски колега Бујар Османи, во Атина, рече дека новото име на Македонија, освен во јавните институции требало да се употребува и од приватните субјекти и интернет сајтовите.

„Грција е подготвена да обезбеди техничка помош за да се поддржат напорите на земјите од Западен Балкан за пристапување кон ЕУ. Во овој контекст дозволете ми да потенцирам дека целосното, конзистентно имплементирање на Договорот од Преспа е начин за обезбедување на напредокот.

Две години откако Договорот стапи на сила препознаваме дека има напредок во спроведувањето на промената на името.

Но, потребен е поголем напредок, од една страна во користењето на името и терминологиите од сите државни институции и приватни субјекти, вклучувајќи и интернет сајтови, а од друга страна потребен е и прекин на антиквизацијата, отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни површини, преименување на патишта и објекти.

Она што е кристално јасно во Преспанскиот договор е јасноста за она што се случило во античкиот период, а едно е јасно – со сета почит, вашите сонародници, а вие тоа го прифативте, не биле дел од кампањите на Александар“, изјави Дендиас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи и Дендиас од Атина: Северна Македонија и Грција се стратешки партнери

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Ако апликацијата „Телеграм“ не ја избрише групата „Јавна соба“, ќе ја разгледаме опцијата за негово блокирање

Редакција

„Погрешно толкување на историјата“ влезе во последната нацрт-верзија, но не како што бара Бугарија

Редакција

(Видео) Пратеничката Мираковска ги потсети бугарските европратеници дека имаат бугарски пасоши кои се регистрирани на бандера

Редакција